La Sagrada Familia- срцето на Барселона

13 февруари, 20120
12

Ако се одлучите за туристичка прошетка низ Барселона, овој значаен објект никако не смеете да го пропуштите. La Sagrada Familia е местото кое плени и инспирира стравопочит, прикажана преку чистата вертикална поставеност и средновековниот белег. И покрај интензивната работа од повеќе од 100 години, целосната изработка се претпоставува дека ќе биде финиширана во периодот помеѓу 2020 и 2040 година. Овој контроверзен шпански споменик, беше  осветен од Папата Бенедикт XVI, кон крајот на 2010 година. Објектот е отворен секојдневно за широки маси, а доколку Вие се одлучите за посета на ова место, потребно би било да издвоите неколку часа, со оглед на декоративните детали кои со сигурност, нема да Ве остават рамнодушни и ќе Ве принудат на анализа.

Оваа црква ( прев. Светата Фамилија) е дело на еден од најпознатите светски архитекти Антонио Гауди, кој за неа го посвети последниот дел од својот живот. Тој се држи на готскиот крстообразен план и притоа, смисли храм, кој ќе биде висок 95 метри, а широк 60 метри, со капацитет за 13.000 луѓе. Дневните тури за ова место изнесуваат 4 евра, а се во времетраење од 50 минути. Имате 2 опции за влез:  Carrer de Sardenya и Carrer de la Marina, а на располагање Ви се и комбинираните билети за посета на Casa-Museu Gaudí во паркот Güell.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma