Ладното време го зголемува животниот век

popara5 декември, 20121min00
zimno vreme
Зимурливи сте??? Не се секирајте и издржете… ќе живеете подолго!!!

Откриена е уште една тајна на долговечноста – доколку јадете помалку, пониска ќе ви биде телесната температура, а колку е пониска температурата, толку ќе живеете подолго.

Научниците од Универзитетот во Вашингтон ја откриле поврзаноста меѓу телесната температура и долговечноста. Воочено е дека оние кои јадат помалку храна, имаат пониска температура.

Слично истражување беше направено порано кај глувците, па било докажано дека оние кои биле помалку хранети, живееле подолго.

“Се уште не знаеме точно како тоа функционира, но студијата докажа дека постои поврзаност меѓу долгиот живот и температурата. Доколку постојано ви е ладно, тоа е јасен знак дека ќе живеете подолго” – објаснил докторот Луиџи Фонтана.

Во најновото истражување учествувале 24 испитаници на возраст од околу 50 години. Сите тие требале да го намалат внесот на калории во телото. Во текот на студијата телесната температура се менувала кај оние кои го почитувале ова правило и они кои не внимавале на калориите. Резултатите покажале дека долговечноста ја уживале само оние чија температура била пониска поради помалата консумација на храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag