Американската пејачка Лејди Гага изјавила дека бара некој кој ќе биде татко на нејзиното дете преку ин витро оплодување.
Лејди Гага потврдила дека бара маж кој ќе и помогне да роди дете.
Популарната пејачка се забавува со актерот Тејлор Кени, но очигледно има намера нејзиното дете да има италијански гени.
“Сакам таткото на моето дете да биде од Италија или Сицилија”, изјавила Лејди Гага.
25 годишната, чие вистинско име е Стефани Германота, ќерка е на сопственик на хотел во Њујорк. Нејзиниот татко Јосиф потекнува од Насо, Сицилија.
Кога новинарите го прашале експертот за вештачко оплодување Северин Атинорио дали Гага побарала совет, тој одбил да одговори на ова прашање.