Лесно и здраво слабеење со диетата на Монтинјак

6 февруари, 20120
m

Панкреасот и излишните килограми – според Монтинјак сите продукти, поточно јаглехидратите се поделени на лоши и добри. Принципот се базира на фактот дека треба да се јаде само храна која ги содржи добрите јаглехидрати и да се направи внимателен избор на мастите. Како луѓето ги придобиваат дополнителните килограми? По време на јадење храна богата со јаглехидрати, панкреасот ослободува во крвта многу инсулин, кој ја активира преработката на јаглехидратите во маснотии.  Ако човек употребува многу лоши јаглехидрати, тоа води до масни наслаги по телото. Лошите јаглехидрати многу лесно и брзо се апсорбираат од организмот и на тој начин се претвараат во маснотии. Добрите јаглехидрати се усвојуваат од организмот без да предизвикаат драстично покачување на шеќерот во крвта.

Шеќерот, гликозата, компирите се исклучени од диетата. Мастите и јаглехидратите се консумираат пооделно, не во комбинација. Например ако за ручек јадете масти, јаглехидратите може да се консумираат дури после 4 часа. Консумацијата на алкохол се сведува до минимум. Помеѓу оброците се препорачува да се пие многу вода. Треба да се јаде најмалку 3 пати на ден. Не се препорачува да се јаде касно во ноќта. Свежото овошје треба да се консумира посебно, помеѓу оброците и да не се мешаат едно со друго. Отстранете ги од вашето мени лошите јаглехидрати во која група се вбројуваат белиот леб, пченицата, оризот, компирите, благите работи како торти, колачи, чоколади и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma