Еден од директорите на LG, Квон Бонг-Сук, изјавил дека компанијата се подготвува да влезе во фаза на развој на паметни телефони кои размислуваат (thinking smartphone).
Иако не се дадени многу детали, за тоа како овој уред би функционирал објаснил со еден пример.
Доколку сте го навиле алармот во 6 часот, а телефонот знае дека тој ден има голема гужва во сообраќајот, ќе ве разбуди половина час порано за да стигнете на време.
Тој изјавил дека иновациите не мора секогаш да доаѓаат од Apple, туку дека всушност на компаниите како што е LG останува да ги откријат новите вредности кои корисниците ги сакаат од своите телефони.