Лиценца за добивање ќотек!

12 април, 20120
gd5

Риза Гунај е првиот човек во светот кој има лиценца за добивање ќотек. Нему луѓето во Турција веќе две години му плаќаат за услугата ослободување од стрес, со тоа што го тепаат.

Дури 70% од муштериите му биле жени.

Гунај навел дека има четри методи кои се дел од неговите услуги.

Првата метода е „жива вреќа“, која му овозможува на клиентот да го тепа, а тој да не дава никаков отпор. Оваа метода се користи за смирување и празнење.

Втората метода се состои од тоа што луѓето му викаат, врескаат, пцујат, а на тој начин се ослободуваат од стресот и другите негативни емоции.

Третата метода е „Work up“ во која Гунај со различни ритмови и опуштени разговори ги релаксира клиентите. „Соба за празнење“ е четвртата метода која ја користи Гунај во која клиентите фрлаат јајаца, колачи и разни предмети.

Гунај истакнал дека месечно има околу 40 муштерии, а еден третман трае околу 20минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *