Линдзи Лохан е шворц!!! Продаде цел камион брендирана гардероба!

8 април, 20120
naslovna lindzi

Познатата и проблематична актерна Линдзи Лохан, која неодамна заврши со отслужувањето на условната затворска казна, продаде „полн камион“ брендирана гардероба за да собере пари.

Почнувајки од 2007 година Лохан (25) неколку пати беше на суд, во затвор и на рехабилитација, а повеќе пати е апсена заради возење во пијана состојба и конзумирање на кокаин. Изгледа дека проблемите си го направија своето, па младата и некогаш надежна актерна најверојатно има сериозни финансиски проблеми.

„Линдзи нема никакви приходи, а има многу трошоци. Таа беше толку очајна и и требаа пари, па продаде цел камион брендирана облека, чевли и чанти, за кои доби околу 14.000 долари“, тврди анонимниот извор кој додава дека Линдзи се надева на улога во филмот за Елизабет Тејлор насловен како „Лиз и Дик“, преку кој планира да ја врати својата кариера на прав пат.

„Своето слободно време го посвети на читање на сценариото и на вложување во ликот на Елизабет Тејлор“, додава изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi