Линдзи Лохан повторно на суд, ја тужи дадилката која скоро ќе ја прегазела со автомобил!

popara26 јануари, 20121min00
lindsaylohan

Aктерката Линдзи Лохан неможе да избега од проблемите, па се чини дека уште еднаш ќе седна на обвинителна клупа. Всушност, тужбата против Линдзи Лохан ја подигна дадилката Нубиа Кармен Преза, која тврди дека актерката за малку ќе ја прегазела со својот автомобил. Несреќата се случила во септември 2010 година, по кратко време откако Линдзи се врати од рехабилитација.

Дадилката возела дете во количка и поминувала на раскрсница во Лос Анџелес, каде што Лохан на неа налетала со својот автомобил. Автомобилот, наводно, удрил во количката. Детето за среќа не е повредено, но Преза тврди дека претрпела повреда.

Еден од сведоците тогаш изјавил: “Линдзи помина на црвено и ги удри. Не беше силен удар, но дојде до контакт. Сврте десно, застана  на две секунди и потоа продолжи понатаму”. Оваа тужба би можела да и донесе сериозни проблеми на актерката, која сеуште е под условна казна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag