По неодамнешните шпекулации дека Линдзи Лохан ќе ја глуми легендарната Елизабет Тејлор во филмот за љубовта со филмската ѕвезда, Ричард Бартон, конечно пристигна и потврда дека младата актерка е во преговори за наведената улога. “Зборував директно со Линдзи, како и со нејзините претставници, но разгледував и други актерки, вклучувајќи ја и Меган Фокс”, изјави Лари Томпсон извршен продуцент за филмот Е!News.
Иако Лохан сеуште се наведува како конечен избор, сепак нејзиниот приватен живот во голема мера може да влијае на тоа дали до крај ќе успее да ја задржи улогата. Всушност, Лохан до март е на условна казна. Нејзината директна ривалка Меган Фокс исто така не е позната по примерното однесување, па после “отказот“ од хит филмот “Transformers”, би можела жестоко да се бори за оваа улога.