Поларните температури ја погодија и Холандија, каде последниве недела дена дојдоа и до -10 Целзиусови степени. Ваквото време доведе до замрзнување на многу од каналите на Амстердам, што им овозможи на жителите и туристите на овој град да се лизгаат на познатите водени патишта. Популарните канали како Принсенграхт, Кајзерграхт и Бруверсграхт се замрзнати и луѓето може слободно да се лизгаат на нив.