Се врати вампирот Лестат!!!

10 февруари, 20120
v233546p0

Холивуд се подготвува за екранизација на романот “Приказна за крадецот на тела” од Anne Rice.

Rice се здоби со светска слава псоле серијалот “Вампирска хроника”, која започнува со романот “Интервју со вампирот”, кој на големиот екран беше успешно адаптиран во деведесеттите години. Главните улоги на вампирите Луис и Лестат ги толкуваа Бред Пит и Том Круз.

Лестат во книга “Приказна за крадецот на тела” прави договор со мистериозно суштество – позајмувајќи му го своето бесмртно тело, во замена за човеко. Но Лестат наскоро открива дека тој (суштеството) нема намера да му го врати неговото тело, и ќе мора сам да се избави.

Ова е четврт роман од серијата “Вампирска хроника”, а во моментов на адаптацијата работат сценаристите Alex Kurtzman и Roberto Orci, кои имаат работено на филмови “Трансформери”, и “Ѕвездени патеки”. Сеуште не е познато кој ќе ги толкува главните улоги во “Приказна за крадецот на тела”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi