Љубоф аааах љубоф… и изневеруваанто, како најверни другарки секојпат пуд ангаже. Кој вика оти не е така, се лаже богами себе и другите и вошки има и на тавано спии хехехе…
Ного не сам искусна у тии работи, не знам дали до саа на стварно сам била заљубана, или изневерена хахаха…, ама со сигурност тврдам оти не сам изневерувала (имам направано и анкета меѓу друшките за тии патове додека сам била пијана 🙂
За т’ва секојпат викам за тии шо не знаат, гугл знаа, а гугл генерално има 2 става за љубофта:
Прв општ став на гугл- Збор од пет букви,чeтири очиња, миљон поточиња, три согласки, две самогласки и два идиота! ( кратко и јасно) хахаха…
Втор општ став на гугл- Љубофта е плиток осечај, нема ништо волшебно у нее. Она е едноставно емотивен стриптиз- откриване на слаби точки пред дотичнио, при шо мазохистички кажано (си забииваш нож у грбо). Она тее нешто каo дефицитарна слобода (гледи ама не фаќи, фаќи ама не уживи, уживи ама не ного оти секак ќе има крај), и суфицит тешка нервоза! Резиме-љубовта е нешто преценно, и секој шо гаа г’тнал ке почне да са гуше ут нее, порано или покасно. Чувеците значи по тава прашање се дељат на два дела, на глупави – кои не са учат од грешките и на паметни- кои дуут на матеница!
И идаме до вторио дел од темата- изневеруваанто. У Струмица тава и нее некоо табу тема, познати сме си по тава, мисљам овај, по ноќнио ни живот, дее шо си помислиите вии …!
Ја ви еден, два примери: oна е среќно заљубана и си седе по дома таква расквасана од љубоф- ништо не ѝ треба само он да ѝ се јава утредента заграздавеено да ѝ каже „малееее ка сам заглавил сношти со другаарте“, а он у ствари (јас и цела Струмица го видееме ), са драпаше со Софчето доле кај скаалте у баро; или па друг случај, на Суузто шо ѝ е финко, си излеват у парови со дечкото, другар му и женската на другар му, ама после излеване, журо продужава у дуо за нее и за другар му 😉
За мене лично изневеруваанто е одраз на интелигенција (не генерализирам, ама ја нека устане како моо мислене).
Ај ного да не га т’пам јас шо мисљам, да вииме шо викат по народо.
Да ви даам ли mail да ми пуштате палавраџииски маабете- кој, шо, дека, кога, со кој, на кој…? М?
Бидејте поздравани за саа цунка до сите заљубани, незаљубани изневерани, изневерувачи и сл!
П.С. мој предлог за празнико, гледајте го Something Borrowed и кажајте ми шо мисљате за филмо, а јас оште неем изградано став за него оти ного чуден ми се виде.