Љубовната кавга завршила трагично: Фудбалер ја убил девојката, а потоа си пресудил и себе си

2 декември, 20120
fudbaler

Играчот на американски фудбал од професионалниот тим Канзас Сити Чифс, Џован Белчер (26) ја убил својата девојка, по што извршил самоубиство на стадион, јавуваат американските медиуми.

img

Портпаролот на полицијата во Дарин Снеп за Асошиетед прес рекол дека познатиот играч ја убил девојка утрово, а подоцна дошол во стадионот каде пред менаџерот и тренерот извршил самоубиство.

Полицијата утрово добила повик од куќа во близина на стадионот, а кога таа дошла на местото на настанот полициската патрола ја затекнала мајката на убиената девојка која им рекла дека Белчер ја убил нејзината ќерка.

Kако што е соопштено од Лос Анџелес Тајмс, Белчер им се заблагодарил на тренерот и менаџерот на сè што направиле за него во спортската кариера, по што се свртел во спротивната насока, тргнал и си пукал самиот во глава.

Медиумите не го објавиле името на настраданата девојка, пренесувајќи само дека имала дваесетина години и дека имала дете со Белчер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi