Рецептот за успешен супер автомобил е тој да биде што е можно полесен, и што е можно помоќен. Така Lotus се реши да отиде до перфекција со тоа што 3,5 литарскиот V6 мотор со 345 коњски сили од Evora S го вметна во полесниот, и поубавиот Exige S. Exige S е единствениот Exige кој сега можете да го купите, подолг е, поширок и е поагресивен од претходниот Exiga. Погледнете го овој неверојатен автомобил.