Луѓето се најсреќни на 33
28 март, 20120

Заборавете на старата поговорка, дека тинеџерските години се најсреќните во животот. Новото истражување покажа дека луѓето се најзадоволни од својот живот на 33 годишна возраст. 70% од луѓето над 40 години се изјасниле дека 33-та година од животот им била и најсреќната.
Над половина од анкетираните изјавиле дека животот им е позабавен, а 42% рекле дека имаат поголем оптимизам за иднина. Една третина од анкетираните изјавиле дека нивната среќа се должи најмногу на децата, а една петтина – од успехот во работата.
38% од нив споделиле дека животот на тие години им бил многу порелаксиран и без стрес . Само 6% изјавиле дека биле најсреќни по време на студиите, а 16% во детството.