Шарлиз Терон: Пушењето ми создава многу проблеми!
28 март, 20120

На снимањето на филмот “Прометеј” во режија на Ридл Скот, главната актерка Шарлиз Терон морала да трча во свемирски костим.
Кога ја ставила на себе целата опрема која ја носат астронаутите и почнала да трча, оскаровката зажалила што не ги оставила цигарите и и било жал што не поминувала повеќе време во теретана.
“Сфатив дека кондициски сум многу слаба кога почнав да трчам, а не ми помогна ни тоа што Ридл постојано повтроуваше трчај, трчај”, раскажала актерката.