МАВТАЊЕ
Патување; ако некој ви мавта – разделба од некое драго лице.
МАГАРЕ
Лош знак; ако слушате како рика – новости; ако го купите – заработувачка; ако го натоварите – ве очекува работа; ако го јавате – ќе бидете посрамени / ќе имате успех; ако магарето трча – жалост и несреќа; ако се одмора – ве очекуваат низа непријатности, при што ќе ја изгубите храброста; многу магариња – среќа; црно магаре – радост.
МАГДОНОС
Ќе стекнете нечија наклоност.
МАГИЈА
Ако на сон се занимавате со магии – најаве не покажувајте ја својата надмоќност, зашто тоа ќе ви наштети.
МАГИОНИЧАР
Се подготвува некоја голема лага.
МАГЛА
Жалост, болест; многу густа магла – тешко ќе се извлечете од некои неприлики; магла што се крева – непријатности; магла над вода – добар лов.
МАГНЕТ
Радосни вести.
МАЗГА
Чувајте се од лоши луѓе.
МАЈ
Ќе наидете на верна љубов.
МАЈКА
Ако не сте размислиле добро, не впуштајте се во она што го започнувате; разговор со мајката – успех во некој потфат; ако ја бакнете мајката – разделба; ако се карате со неа – несреќа; ако ја сонувате покојната мајка – долг живот; ако ја гледате како умира – големи грижи; ако живата мајка ја сонувате како мртва – неизвесна иднина.
МAЈМУН
Пазете се од неискрените пријатели, некој од нив ќе се накити со вашите заслуги; ако ве гризне – ќе ви се остварат љубовните желби.
МАКИ
Ако на сон ве ставаат на маки – партнерот ќе ве фати во некои недозволени работи; ако трпите маки – чувајте се од лоши луѓе; ако некому задавате маки – ќе бидете загрижени.
МАЛИНИ
Ако ги јадете – среќа во љубовта; ако берете малини – после лошиот период доаѓа период на среќа и задоволство.
МАЛТЕР
Непријателско однесување на околината.
МАМУЗИ
Не верувајте во се што ќе ви кажат.
МАНАСТИР
Грижи, непријатности, мрачна иднина.
МАНЕВАР
Пријатни промени.
МАНЕКЕН
Внимавајте на своето однесување со луѓето, некои од нив ве исмеваат.
МАНТИЛ
Тага, штета, срамота.
МАПА
Затворена мапа – неизвесна работа; отворена мапа – добивка; ако ја носите – сте се впуштиле во рискантен потфат.
МАРАМА
Ве очекува веселба; стара марама – озборување; црна марама – жалост.
МАРАМЧЕ
Болест / љубовни караници.
МАРГАРИН
Ќе бидете излажани.
МАРКА (поштенска)
Ако видите или ако лепите марка – ќе добиете вести од лице кое веќе долго време е отсутно.
МАРМАЛАД
Ќе добиете бакнеж од саканото лице.
МАРЦИПАН
Опкружени сте со луѓе кои ви ласкаат и ви завидуваат.
МАСА
Распостелена маса – покана во друштво; маса со јадење – пријатни моменти; празна маса – ќе присуствувате на состанок, седница; обилно јадење или пиење на маса – благосостојба.
МАСАЖА
Болест, грижи, непријатности.
МАСКА
Сплетки; ако ја симнете маската – ќе откриете некоја непријатна вистина; бал под маски – лажни пријатели.
МАСЛИНКА
Дрво или плод – задоволство и среќа / добивка на лото; гранка од маслинка – мир и одмор; ако јадете маслинки – љубовна авантура која нема добро да заврши; ако видите шума од маслинки – ќе доживеете нешто необично.
МАСЛО
Ако пиете масло – пријателите ќе ви помогнат, но бидете внимателни со ласкавите луѓе; запалено масло – задоволство и утеха; расипано масло – загуба или болест; истурено масло – пореметен мир; ако купувате масло – болежливост; трговец со масло – за здрави – задоволство, за болни – оздравување.
МАСТ
Болест; ако јадете маст – болест; ако купувате маст – неверство.
МАСТИЛНИЦА
Недоразбираа и кавги; ако ја превртите – кавга.
МАСТИЛО
Патување; ако мешате мастило – добри вести; ако го истурите – лоши вести; ако купувате мастило – новости; ако пиете мастило – некој ќе ве излаже.
МАТИЧАР
Успешен брак, среќа во семејството; ако не сте во брак – љубовна средба.
МАЧЕЊЕ
Ако мачите некого – несреќа; ако мачите животни – ќе патите.
МАЧКА
Ќе потрошите многу пари на жени / лаги; ако ве гризне или ве изгребе – повреда; бела мачка – љубов; мачка со пеги – воздржете се од премногу страст; црна мачка – опасност; ако храните, си играте или галите мачка – за доброто ќе ви вратат со лошо / неверство; ако ја тепате илија убиете – неверство; ако мјаука – непријатни настани; мачка со мачиња – беда; ако јадете месо од мачка – неверство.
МАЧОР
Силна љубов; црн мачор – љубомора.
МАШИНА ЗА ПИШУВАЊЕ
Некоја караница ќе заврши со смирување.
МЕВ (мешина)
Неслога, кавги, непријатности.
МЕД
Успех и добивка; колачи од мед – ќе склопите ново пријателство; ако цедите мед – чувајте се од пожар; ако го мачкате на леб – ве опкружуваат лоши луѓе.
МАКЕЈА
Грижи, несигурна иднина.
МЕРМЕР
Некој ќе ви го отежне животот; фигура од мермер – безизлезна работа; столб од мермер – ќе ви се исполнат желбите; стол од мермер – ако не сте поскромни, ќе бидете оштетени.
МЕСАР
Загуба и опасност; ако сече месо – непријатности; ако ви даде месо – ќе бидете сурови и немилосрдни спрема некого; ако се сонувате како месар – жалост, грижи.
МЕСАРНИЦА
Свадба.
МЕСЕЧИНА
Поплава; црвена месечина – војна; темна месечина – љубовни несогласувања / лоши вести; полна месечина – неверство; светла месечина – добра заработувачка; млада месечина – чувајте се од лажните пријатели / пари; месечина во првата четвртина – љубов; месечина во последната четвртина – неверство; месечина со отсјај – негувате лажни надежи; многу месечини – благосостојба; полумесечина – ќе престанете да сакате некого; затемнување на месечината – неверство, загуба.
МЕСО
Ако јадете месо – болест; ако купувате месо – заработувачка; ако го готвите – задоволство и среќа.
МЕТАР
Несреќа.
МЕТЕОР
Ако на сон гледате како паѓаат метеори од небото – на јаве така ќе ви „паѓаат” пари од небото.
МЕТЛА
Ќе решите некои проблеми; нова метла – околу вас имате многу лажни пријатели; стара метла – состанок со стари познаници; ако ја ставате метлата в ќош – ќе ја смените работата; ако јавате на метла – ќе наседнете на некоја лага; ако метете – ќе разоткриете некои лажни пријатели; ако девојка сонува како чисти со метла – наскоро брак.
МЕУРИ ОД САПУНИЦА
Краткотрајна среќа.
МЕЧ
Ако го држите в рака – ќе стекнете пријатели; ако носите меч – чест и слава; скршен меч – смртен случај / срам; ако вадите меч од тока – кавга; ако примите меч од некого – патување; ако се мечувате – веселба / неостварени желби; рана од меч – победа; ако раните некого со меч – деловен успех.
МЕЧКА
Непријатности / непријатели кои чекаат погоден момент за да ви наштетат; мечка што игра – кавга; ако ловите мечка – некои намери и желби нема да ви се исполнат; северна (бела) мечка – некој е вљубен во вас, а вие не знаете; ако ја убиете – ќе страдаат вашите непријатели; ако ве нападне – ви подготвуваат стапица; ако ја чуете како рика – ќе изгубите некој штитеник; ако мечката убие некого – смрт во семејството.
МИЖЕЊЕ
Ако видите како некој миже – голема добивка; ако вие мижете – успех во работата.
МИЈАЛНИК
Болест.
МИКРОСКОП
Чувајте се од сопствените пакости.
МИЛОСТИНА
Ќе уживате без многу труд; ако давате милостина – неочекувана благосостојба; ако примате милостина – ќе добиете неочекувана помош во неволја.
МИНЕРАЛНА ВОДА
Загуба и неуспех на работа.
МИРАЗ
Венчавање.
МИРИЗБА
Блага и свежа миризба – задоволство; непријатна миризба – непријатности.
МИРУДИЈА
Непријатен настан.
МИСИОНЕР
Подарок.
МЛЕКАР
Ќе бидете во ситуација да слушате ласкави зборови од некој што не ви е драг.
МЛЕКАРНИЦА
Караница.
МЛЕКО
Среќа и здравје; ако пиете млеко – веселба / средба со пријатели; ако молзете – жалост и јадови; грне со млеко – пријатна посета; ако подарувате млеко – благосостојба во домот; ако истурате млеко – непријатности.
МОВ
Неочекувана добивка, но туѓите пари не смеете да ги трошите; ако лежите на мов – денгубењето нема да ви донесе ништо добро; ако собирате мов – лажно сведочење.
МОДЕН САЛОН
Успех во љубовта.
МОДРА БОЈА
Пријатно доживување.
МОДРИЦА
Ако се сонувате со модрица или со огреботина – разочарување.
МОЗАИК
пријатно доживување; ако одите по под од мозаик – среќа.
МОЗОК
Добивка.
МОБИЛИЗАЦИЈА
Деловен неуспех.
МОЛБА
Ако поднесувате молба – ќе бидете понижени; ако слушате молба – ќе добиете поголемо овластување; ако ја исполните молбата – ќе бидете џенети; ако одбиете молба – нешто ќе изгубите.
МОЛЕРИСУВАЊЕ
Ќе преминете преку нанесените навреди.
МОЛЕЦ
Имате непријатели или соперници во близина; ако ловите молец без успех – нема да успеете да се смирите со некое лице од својата непосредна близина.
МОЛИВ
Ќе стекнете повисоко образование.
МОЛИТВА
Не им придавајте толкаво значење на неволјите, спознајте ги и сопствените недостатоци.
МОЛЊА
Удар од молња – заробеништво; ако молњата запали нешто – внимателноста ќе ви биде крунисана со успек; непрестано блескање и удирање на молљи – болест / разделба со луѓе кои ви се блиски.
МОМЧЕ
Ако девоја сонува момче – скоро ќе се омажи; за останатите – успех, но со многу работа.
МОМЧЕШКА ВЕЧЕР
Ве очекува брак во блиска иднина.
МОНАХ
Непријатна средба.
МОНОГРАМ
Свој монограм – имате премногу високо мислење за себе; туѓ монограм – нова љубовна или пријателска врска монокл вообразени сте.
МОРЕ
Мирно море – бидете внимателни; немирно море – возбудливост / непостојана среќа; ако се возите по море – опасни потфати; ако паднете во море – штета; ако се давите во море – несеќа.
МОРКОВ
Неостварени надежи / корист; ако јадете морков – веселба; ако садите моркови – добра зароботувачка.
МОСТ
Ве чека ризичен настан/работа; мост да градиш – имаш големи завидници во својата работа; да одите по мост – водиш забранета љубов; мост да рушиш – ке доживееш незгода.
МРАВКА
Некој познаник ке ви стане пријател; мравки да ги видиш – тегоби во работата; мравки да газите – нема да успееш во работата заради други.
МРТОВЕЧКА ГЛАВА
Непријатности.
МРТОВЕЦ
Свадба за брзо време; ако се видите мртви – беда; ако носите мртовец – напуштете ја започнатата работа; мртовец да закопаш – среќно ке ги решите вашите грижи.
МРТОВЦИ
Да ги видиш и да разговараш – радост после тага.
МРТОВЕЧКИ КРЕВЕТ
Несреќа.
МРТОВЕЧКА КОЛА
Неочекувана радост; ако возите мртовечка кола – ве очекува унапредуваље; ако трчате по неа – голем губиток; сиромашна мртовечка кола – трошок.
МРТОВЕЧКА ПОКРИВКА
Жалост, смрт на блиско лице.
МУВА
Бес, караница; рој муви – многу непријатели; ако ловите муви – по своја вина ќе западнете во неволја – ако убивате муви – ќе избегнете некои неприлики; мува во јадење или пиење – опасност; ако ве касне мува – тоа ви е некакво предупредување.
МУЗА
Ќе доживеете нешто неочекувано.
МУЗЕЈ
Ќе бидете душевно исполнети.
МУЗИКА
Утеха во неволја / расфрлање пари; непозната музика – новости; лоша музика – караница; гласна музика – опомена; музичка капела – лошо друштво.
МУЗИЧАР
Големи и непотребни трошоци.
МУЛЕ
Пазете се од злобници; ако јавате на муле – ве очекува макотрпно патувае; натоварено муле – подароци.
МУМИЈА
Некоја стара болка се уште ви ја поматува среќата.
МУСТАЌИ
Здравје; седи мустаќи – залудна надеж; црни мустаќи – гордост; мустаќи на жена – лоши вести; бричење на мустаќи – ведра иднина.
МУЦКА
Непријатности по своја вина.
МУШИЧКА
Ќе направите некои глупости; ако ловите мушички – уживате во забранета љубов.
МУШМУЛА
Злобните нема да ви наштетат; ако јадете мушмули – ќе најдете добар брачен другар и ќе имате убави деца.