Мадона додаде уште еден Гинисов рекорд во својата колекција откако нејзиниот најнов албум МДНА се најде на првото место на топ листите во Велика Британија.
Со ова Мадона по 12ти пат се најде на врвот на листите, со што стана најуспешниот соло уметник на британските топ листи и успеа да влезе во Гинис.
Мадона со овој рекорд го надмина Елвис Присли, кој на врвот на британските топ листи беше дури 11 пати.