Манијакот кој пред 15 години се закануваше дека ќе ја убие Мадона и кој вчера избега од психијатриската болница конечно е уапсен, соопштија властите на Калифорнија.
Роберт Дуи Хоскинс во 1996 година бил осуден на 10 години затвор, а во јули минатата година повторно бил уапсен и испратен во психијатриска институција од која избегал. Полицијата го опишуваше како многу насилен и предупредува дека не треба никој да му се доближува.
Хоскинс бил уапсен во Лонг Бич, Калифорнија, откако властите побараа помош од сите граѓани за да го препознаат и пријават во најблиската станица.