Популарната пејачка Мадона објавила дека повторно се здружила со американската организација BuildOn за повторно да започне со прокт во кој престанала да инвестора пред неколку месеци поради финансиски малверзации и слаб менаџмент.
“Проектот е голем дел од мојот живот и се радувам што конечно ќе ја реализирам оваа идеја. Мојата организација “Подигање на Малави” ќе ги оствари зададените цели. Многу сум возбудена поради овој прокет”, изјавила Мадона.
Организацијата BuildOn веќе има изградено 54 основни училишта во сиромашната африканска земја, а првиот проект на пејачката ќе биде да изгради академија за девојчињата во селото Чинкота. Познатата пејачка посвои две деца од Малави.
“Многу научив во текот на овие години и верувам дека можеме да им обезбедиме образование на децата во Малави, особено на младите девојки”, вели Мадона.
Организацијата “Подигање на Малави” и BuildOn планираат со заеднички сили да изградат десет училишта за образование за најмалку 1.000 деца годишно. Всушност, Малави има најмалку еден милион сирачиња.