Мандарини за здраво срце

12 декември, 20120
mandarina

Мандарините содржат нобилетин, супстанца која на организмот му помага да се избори со лошиот холестерол и триглицеридите.

Јадењето на мандарини би можело да го заштитат организмот од лошиот холестерол и триглицеридите, кои честопати се причина за дебелеење, атеросклероза (затнати артерии) и дијабетис од тип 2 (старечки дијабетес).Како што покажале резултатите од истражувањето на група канадски научници од институтот Робартс од Западен Онтарио, постојат корисни дејства на супстанцата нобилетин, која ја содржи мандарината, пренесуваат француските медиуми. Научниците дошле до тој резултат објавувајќи ги резултатите од испитувањата на глувците кои биле намерно подложени на посебен режим на исхрана за да се разболат. Една група глувци, меѓутоа, добивала нобилетин во прав, а друга не. Кај глувците кои не добивале нобилетин дошло е до појава на дебелина и дијабетес од типот 2, односно сите предуслови за срцев напад, додека кај оние кои добивале нобилетин дошло само до зголемување на телесната тежина, но не и дебелина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *