Мејкап правила за сезона есен-зима 2012/13
Како треба да изгледа нашата шминка оваа сезона, за да може да се каже дека е актуелна и во тренд? Има неколку основни правила кои го карактеризираат овогодишниот тренд и ние ќе ви ги претставиме најважните од нив во продолжение.
Ајлајнер
Мејкап тенденција која веќе неколку години не губи од својата моќ во светот на декоративната козметика. Сезонава изберете ајлајнер во црна, кафејава или виолетова боја. Надополнете го тоа со маскара за да добиете сензуален ретро поглед. Лицето нека биде добро изедначено со пудра, нанесете руменило и кармин во пастелни бои.
Кармин
Кои се актуелните нијанси за кармини? Ние би рекле изборот треба да биде дефиниран од индивидуалниот стил, но добро е да се знаат актуелните бои. Без сомнеж темните бои преовладуваат. Тргнувајќи од најтемната вино боја, бордо, темно црвените, портокаловите и сл. Доколку се одлучите за кармин во темна нијанса треба да знаете дека тоа е многу силен акцент и не смее да се претерува. Единствено што оди во оваа комбинација е маскара на очите и многу нежна сенка. Погледнете како изгледаат актуелните бои:
Мат мејкап
Начин на шминкање кој секогаш е добар избор. Целото лице е обоено во нежни пастелни бои. Порцелански тен, минимално нагласени очи и мат кармин. Дополнето со руменило во пастелни бои. Шминка што идеално ги прикрива недостатоците и ги нагласува убавите црти на лицето. Природниот изглед секогаш е помеѓу трите основни мејкап тенденции, без разлика на сезонските хит трендови.
Акцент на очите
Овој начин на шминкање го препорачуваме пред се за вечерно излегување. Бидејќи станува збор за сенки во темни и интензивни бои кои ги наметнува сезонскиот тренд. Најсилен ефект ќе постигнете ако ја изберете црната или темно кафејавата боја. Подеднакво добар избор се и боите темно вино и виолетовата, но со нив треба да се внимава да бидат добро вклопени со вашиот целосен стајлинг. Специфични се и не експериментирајте ако не знаете како правилно се користат.