Spice Girls повторно во центарот на вниманието: Мјузиклот Viva Forever! минатата ноќ ја доживеа својата премиера!
Spice Girls синоќа доживеале вистински триумф, но Викторија Бекам очигледно не го дели ентузијазмот на останатите членови од групата!
‘Viva Forever!’ е насловот на спектакуларниот мјузикл кој минатата ноќ премиерно е прикажан во Пикадили театар во Лондон, а на свечената премиера се појавиле и самите Spice Girls!
Но, иако Мел Б, Гери Халивел, Мел Ц и Ема Бунтон покажале огромно задоволство што можат да го прослават промовирањето на мјузиклот кој се базира на нивните песни и кариера, Викторија Бекам била прилично резервирана.
Иако низ целиот свет е позната по тоа што никогаш не се смее во јавност, овој пат, како што многумина тврдат, можела да направи исклучок и да покаже малку ентузијазам. Останатите членови од групата заедно се радувале и фотографирале, додека Викторија стоела настрана и позирала со сопругот Дејвид Бекам и синовите Бруклин, Круз и Ромео.
Без оглед на причината за нејзиното лошо расположение, фотографите сепак на крајот успеале да ги фотографираат сите пет заедно, па Baby Spice, Sporty Spice, Ginger Spice, Scray Spice, но и Posh Spice – заедно ја одбележаа премиера на мјузиклот ‘Viva Forever!’
One comment
simona
15 декември, 2012 at 22:55
mrtva faca