Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони за прв пат во јавноста се појавил со својата нова девојка Шенон Де Лима.
Познатиот музичар и атрактивната манекенка од Венецуела се во врска од крајот на минатата година. Освен на фотографиите на Твитер, двојката до сега никаде не е видена во јавноста.
За разлика од својата поранешна сопруга, Марк на почетокот на новата врска била многу дискретен. Сепак, неодамна со Шенон се појавил на 47-то доделување на награди за кантри музика во Лас Вегас.