Мармарис – Медитеранска харизма која заведува …

18 април, 20120
1 (8)

Заспаното рибарско село Мармарис, кое се наоѓа на бреговите на Средоземното море, за време на градежниот бум кој ги зафати турските брегови во средината на осумдесеттите, се претвори во една од омилените турски дестинации.

Мармарис, денес е една од главните нишки на туризмот во Турција, а во последниве неколку години се истакнува и како центар за едрење и јахтинг, кои спаѓаат во елитните водени спортови, што значи и богата клиентела. Сепак овој град го задржа својот медитерански шарм, поради што е достапен и за туристите со не толку длабоки џебови.

За историјата на ова место сведочат Херодовите записи уште од петтиот век п.н.е во кои стои дека на денешното место постоела тврдина. Во врска со неговата историја е поврзано и името на Александар Македонски…

Мармарис, денес е една од омилените летни дестинации. За момент, местото кое има околу  28.000 жители, се преплавува со импозантна бројка од  250.000 луѓе. Младите често се одлучуваат за летување во Мармарис поради одличниот ноќен живот и прочуените„ Бар улици“ во кои се наредени барови, клубови, дискотеки, наргиле барови, ресторани…

Ни на повозрасните нема да им биде скратено да имаат фантастичен одмор, бидејќи хотелите се смислени за да овозможат комфор и релаксација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi