Какаото не се употребува само за пиење и јадење, тоа често се употребува во производството на козметика како и за домашни пороцедури за разубавување поради многуте полезни супстсанции кои ги има во него. Доброто кај оваа маска е што таа одговара за секој тип коса и се прави брзо и лесно.
Начин на приготвување – ставете извара во плиток сад и додадете малку вода за да се добие полутечна каша. После тоа се додаваат две лажици какао и повторно добро измешајте. На крај се додава и една лажица масло од кокос. Кога сето тоа добро ќе се изедначи, се нанесува по целата должина на косата и се остава да делува 15 минути.