Иритацијата на кожата е чест дерматолошки проблем. Иритацијата предизвикува црвенило и чешање, а може да резултира и со осип. За да ја спречите иритацијата во домашни услови најдобро е да користите мед и цимет кои содржат смирувачки и антисептички својства.
Прв чекор: Истуширајте се со млака вода и антибактериски сапун. Избегнувајте триење на кожата за да спречите иритација. Избришете ја кожаа со чист пешкир.
Втор чекор: Ставете три лажици мед и две лажици цимет во прав во сад и промешајте ги состојките.
Трет чекор: Нанесете од смесата врз надразнетите делови на кожата. Нежно масирате ја смесата со кружни движења се додека не се исуши. Потоа оставете ја да делува 5 минути.
Четврт чекор: Озмијте ја кожата со вода и антибактериски сапун, па нежно исушете ја со пешкир.
Повторувајте ја постапката минимум еднаш неделно, па по неколку недели ќе забележите видно подобрување на кожата.