
Неверојатната рендгенска снимка на сијамските близначки Алисон Џун и Амелија Ли Такер од Њујорк покажува колку била комплицирана операцијата на поделба која била спроведена во месец ноември.

Сложената интервенција траела седум часа, а учествувале 40 членови на медицинскиот персонал.
Девојчињата Алисон Џун и Амелија Ли имале само девет месеци, кога биле подложени на операција на одвојување на градните и абдоминалните делови.

Хирургот д-р Холи Хедрик, вели дека Алисон Ли е помала но посилна, додека Амелија е повеќе напредна, но се уште се наоѓа на одделот за интензивна нега.
Девојчињата биле споени во долниот дел на градите и стомакот, а имале заеднички граден кош, дијафрагма, црн дроб и срцева кеса .
Операцијата испаднала подобро отколку што се очекувало, а лекарите се надеваат дека девојчињата ќе живеат долго и здраво.

Кога Шели Такер забременила по втор пат, ултразвукот од 20-тата недела од бременоста ги покажал првите знаци дека нешто не е во ред.
Шели Такер на својот блог напишала:
„Грег и јас сме во целосен шок.”
За среќа пристигнала причина за прослава. Само неколку часа по успешната операција, Шели напишала:
„Денес е ден за прослава, ден кога треба да бидеме благодарни што овој товар ни е отстранет од душата.”
Брачната двојка Такер го има постариот син, Овен.
Сијамските близнаци се раѓаат за секои 50 до 60 илјади раѓања, а повеќето се мртвородени.
Околу три четвртини од споените близнаци се девојчиња. Шансите за успешна поделба и закрепнување се поголеми доколку овие близнаци имаат одделни органи.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=rcmNm08Z5lQ