Американските таблоиди пишуваат дека поранешната ѕвезда на “Трансформерс” го чека првото дете со сопругот Брајан Остин Грин.
“Меган Фокс и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин чекаат бебе, пишува магазинот Стар и додава дека иако бременоста не била планирана, убавата бринета и поранешна ѕвезда на “Беверли Хилс” не би можеле да бидат посреќни.
“Меган е трудна неколку месеци, но таа и Брајан се одушевени и се радуваат на приновата”, изјавил извор близок на актерката.
Двојката се венчаа пред две години, а некогашната најсексипилна жена на светот го посвои и 10 годишниот син на Грин од првиот брак.