Прекрасната Меган Фокс ќе стане мајка за прв пат. Со нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин го чекаат своето првото дете. “Неодамна дојдоа до оваа убава вест и беа воодушевени”, откри извор близок до парот. Вестите засега ги имаат поделено со нивните најблиски, бидејќи тие сакаат да поминат првите три месеци од бременоста. Сепак, тие не можат да ги спречат медиумите да стигнат до среќните вести.
Бидејќи Брајан веќе има 9-годишен син со Ванеса Марцил, Меган веќе долго време се подготвуваше за улогата на мајка.