Тито имал тајни агенти во BBC!

30 март, 20120
158362

Јосип Броз Тито во екот на Студената војна во педесеттите години од минатиот век, своите тајни агенти успеал да ги инфлитрира во британската медиумска куќа BBC. Оваа информација ја пренел британскиот Сандеј тајмс, повикувајќи се на документи од тајните досиеа објавени во Словенија.

Во тие документи е откриено дека за Удба, под прекарот Лингвиста, Митија Мершол бил еден од многуте разузнувачи кои успеале да се инфилтрираат во BBC.

Поранешниот генерал Јово Капичиќ изјавил дека овие информации се глупости.

„Ова е она за што сакаат луѓето да зборуваат. Ние можевме само да им служиме на нив, а не обратно. Удба воопшто немаше разузнувачи во светот, ниту меѓу новинарите на BBC. Тоа беше невозможно, а не ни сакавме да шпионираме“, изјавил поранешниот генерал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *