Microsoft одлучи да вложи 300 милиони долари во бизнисот со дигитално издаваштво Barnes & Noble Inc. за да, од една страна, ја подигнат вредноста на е-читачот Nook, а од друга страна да си обезбедат цврта положба на пазарот на електронски книги и учебници за колеџ.
Откако е обелоденета оваа спогодба, акциите на Barnes & Noble – компанијата која води скапа битка со Kindle Fire на Amazon и iPad на Apple – се скоро удвоени.
Договорот му дава на Microsoft удел од 17,6% во новата компанија која и понатаму ќе биде поврзана со работата на Barnes & Noble, најголемиот ланец на книжари во САД.
Barnes & Noble потроши десет милиони долари во развиток на Nook. Првата верзија на е-читачот стигна на пазарот во 2009., две години по Kindle.
Вилијам Линч, извршниот директор на Barnes & Noble, изјавил дека Nook софтверот и понатаму ќе биде достапен на уредите како iPhone, иако тие се конкуренција на Windows телефоните.
Microsoft и Barnes & Noble ќе ја претстават и Nook апликацијата за таблети на Windows 8.