Шарените принтови се една од основните модни тенденции во моментов. Оваа тенденција беше присутна во многу пролетно – летни колекции и веќе ја има во излозите по целиот свет. Шарените принтови ја утврдуваат моќта на силните бои и нивните најразновидни комбинации. Тие не се лесни за комбинирање искрено, но ако го откриете штосот, тогаш имате гарантирано супер летен стајлинг.