Моќта на трансформација со DELL

popara17 април, 20121min00
nu90

Скопје, Април 2012 – Dell како врвен модерен бренд кој континуирано придонесува и ги поддржува општествените модни трендови и потреби, го поддржа овогодинешниот Fashion Week во Скопје, со неговата секогаш препознатлива уникатност. Во соработка со модниот дизајнер Стефанија Насеска, чија колекција беше инспирирана од вкусни колачиња, шеќерни бонбони и лижалки, растопени сладоледи и чоколада, колекција од експлозија на бои и едноставни линии полни со модни додатоци, заедно со Dell, му даде дополнителна индивидуалност на севкупниот концепт и самиот настан. Трендовски, стилски, но сепак со персонализирање на карактеристиките на секој модел, Dell уште еднаш ја покажа својата оригинална линија и обележа дека е компонента која секој модерен човек мора да има.

 

За сите корисници на лаптоп компјутери, кои секогаш сакале да ги прилагодат своите уреди со личен стил, Dell нуди решение со нов дизајн на лаптоп моделот Inspiron R N5110 и N7110. Новите модели на лаптопи гарантираат специјално издание во живописни бои и дизајнерски модели на светски реномирани уметници, дизајнери и партнери, вклучително со луксузниот бренд за лак за нокти OPI. Персонализираниот дизајн потпишан SWITCH by Design Studio, им обезбедува на сите верни следбеници на модните трендови, можност за менување на изгледот на лаптопот со само еден клик и едноставно менување на маската.

 

Покрај тоа што Dell Inspiron овозможува лична адаптација во многу комбинации, тој поседува и HD камера која овозможува да ги гледате пријателите каде и да се. Благодарение на “Windows 7” оперативниот систем и “Windows Live Creative”, со што љубителите на видео нема да останат рамнодушни на овие иновативни карактеристики кои обезбедуваат лесно и брзо ракување. Со одличен SRS premium звучен систем, кој гарантира врвно аудио искуство со вашата омилена музика и 9 ќелиска батерија која може да издржи до 13 часа, новите Dell Inspiron R компјутери гарантираат неограничена забава за сите љубители на уникатниот стил и персонализирана услуга.

Да се ​​потврди веродостојноста на корисниците на Dell компјутерите, тие добиваат гаранција до 5 години! Dell овозможува најдолга гаранција на пазарот!

Новиот Inspiron Switch модел може да се набави во сите бои, во добро опремените специјализирани продавници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma