Еден американец му ги искошал очите на својот вујко, откако имале караница за далечинскиот управувач. Вујкото бил префрлен во болница по сериозните повреди, соопштила полицијата од Илиноис.
Несреќниот 62 годишен човек успеал да повика полиција, а тој бил пронајден во подрумот легнат на земја и со крваво лице. Лекарите констатирале дека свете очи му биле извадени околу 6 милиметри надвор од очната шуплина. Човекот, чиј идентитет не е соопштен изјавил дека со својот внук Ексулам Холман се расправал за далечинскиот управувач.
Внукот се разбеснил го бутнал на земја вујкото и почнал да му ги копа очите. Потоа го кренал и го фрлил низ скалите кои водат до подрумот.
Судијата го пронашла внукот, а судијата поради грозоморниот чин му одредила кауција дури од милион долари.