Мудри изреки за животот

popara27 април, 20121min00
s2

Слушнав и заборавив. Видов и научив. Проживеав и разбрав…

Пази се од мудрост неспособна да плаче, од филозофија што заборавила да се смее, и од власт што не се поклонува пред деца.

Нашиот однос кон животот и светот што не заобиколува, го одредува односот на животот кон нас.

Кога ќе почнеш да размислуваш позитивно, ќе почнеш да гледаш работи што другите нема никогаш да ги видат.

Проблемите се всушност шанси облечени во работно одело.

Ако сакаш да го смениш начинот по кој другите се однесуваат кон тебе, прво смени го начинот по кој самиот ти се однесуваш со себе. Ако не научиш да сакаш искрено и до крај, нема како да бидеш сакан. Но откако ќе стигнеш до оваа фаза, биди благодарен за венците со трње што другите можеби ќе ги фрлаат по тебе. Тоа е знак дека наскоро ќе одиш под дожд од рози.

Верувај му на срцето! Секогаш прави го она што го сакаш и сакај го она што го правиш! Клучот за среќата е внатре во нас! Само срцето ја зборува вистината, само срцето ја слуша вистината и само тоа умее да ја препознае…

Толку е тешко кога треба и толку лесно кога сакам!

Можете да ме оковате, да ме измачувате, можете и да го уништите ова тело, но никогаш нема да поставите окови на мојот ум.

Никој не ги заслужува твоите солзи, тој што ги заслужува никогаш нема да те расплаче.

Ти си збир од се што си постигнал, благодарение на сопствениот избор до овој момент. Добро или лошо…тоа бил сепак твој избор…

Мислете од позицијата на оптимистот! Не бидете песимисти. Песимистот сам го создава својот сопствен пекол…и живее во него. Вие живеете во светот што сами си го создавате. Затоа бидете оптимист!

Кога си задоволен од малку, ќе дојде и големото.

Оној кој ти кажува за маните на другите, на другите раскажува за твоите!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma