Конечно: Српската снаа го покажа својот труднички стомак!

27 април, 20120
adriana-liman

По многубројните фотографии на кои Адријана Лима го покажува своето згодно тело и рамен стомак, иако по втор пат е бремена, сега конечно можеме да видиме како навистина изгледа!

Бразилската убавица Адријана Лима гордо го покажува својот труднички стомак на отварањетоа на една продавница за часовници во Њујорк. Споругата на кошаркарот Марко Јариќ со кој очекува второ дете сеуште не планира да замине на трудничко боловање, бидејќи и понатаму е главна ѕвезда на сите гламурозни настани. Адријана блескала о краток црн фустан и покрај заоблениот стомак ги покажала своите совршени нозе.

Српската снаа минатиот месец објави дека е бремена, но не открила во кој месец од бременоста.

Ангелот на Викторија Сикрет, за разлика од останатите бремени девојки, работи во полна пареа, а судејќи по коментарите на Твитер, во паузите од снимањето размислува за друго бебе и породување. Иако изјавила дека и е сеедно дали ќе биде момче или девојче, веќе размислува за името.

Супермоделот и поранешниот НБА кошаркар Марко Јариќ веќе имаат ќерка, двегодишната Валентина.

-Целото семејство е возбудено, особено Валентина. Постојано го бакнува мојот стомак и вели дека бакнежите се за бебето, изјавила Лима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi