НАВЕДНУВАЊЕ
Ако вие се наведнувате – ќе бидете понижени; ако драг се наведнува – ќе ве почитуваат.
НАВРЕДА
Ако на сон ве навредат – ќе бидете пофалени.
НАГРАДА
Ако ја примате – добивка, успех во работата; ако ја давате – чувајте се од лоши луѓе.
НАДГРОБЕН ГОВОР
Некој ќе ве утеши.
НАДГРОБЕН НАТПИС
Ако го прочитате – загуба.
НАДГРОБЕН СПОМЕНИК
Жалост.
НАДЕЖ
Ако на сон се надевате на нешто – ќе изгубите пари.
НАДЗОРНИК
Голема среќа.
НАДНИЦА
Ако ја примате – едно лице не ја заслужува вашата наклонетост; ако ја исплаќате – добра работа.
НАДНИЧАР
Ако се сонувате како надничар – работата ќе ви претставува задоволство; ако вработувате надничари – добра работа; ако ги гледате како работат – ќе бидете наклеветени.
НАДРИЛЕКАР
Среќно ќе се извлечете од некоја опасност; ако ве лечи – ќе бидете оштетени поради глупост.
НАЕМНИНА
Ако плаќате наемнина – доаѓаат тешки времиња.
НАЈДЕНЧЕ
Ќе ве изневери некое лице кое го сакате.
НАКИТ
Среќа; ако купувате накит – долгови; ако добиете накит – ќе ве намамат на нечесна работа; ако подарувате накит – среќа во работата; ако се китите со накит – размислувате за некои празни работи; ако изгубите накит – загуба; ако најдете накит – бидете штедливи.
НАКОВАЛНА
Пари; ако ковате на наковална – ве очекуваат многу успеси; ако носите наковална – бескорисна, залудна работа; ако скршите наковална – голема несреќа.
НАЛОГ
Ако примате налог – ќе добиете писмо што ќе ве израдува; ако давате налог – не ве сакаат поради вашите постапки.
НАМЕТКА
Ако ја носите – ќе добиете пари преку посредник; ако ја држите в рака – финансиски проблеми.
НАМИГНУВАЊЕ
Ќе израдувате некого.
НАОЃАЊЕ
Ако најдете нешто – добивка / непријатности.
НАПАД
Ако сте нападнати – грижи / внимавајте на непријателите / не мешајте се во туѓи работи; ако го одбиете нападот – грижи; ако подлегнете на нападот – попуштете додека не биде доцна.
НАПРСТОК
Ве очекува напорна работа и кавга; сребрен напрсток – среќа, среќен брак.
НАРАМЕНИЦИ
Ако ги носите – доброто расположение нема да ве напушти.
НАРКОЗА
Ако сонувате деке сте под наркоза – желбите нема да ви се исполнат.
НАРЦИС (ЦВЕТ)
Неверство.
НАСИП
Препреки; ако работите на насип – успех во работата; ако го рушите – единствено сами можете да си помогнете; акo одите по насип – доаѓаат безгрижни денови.
НАСЛЕДСТВО
Ќе ве одминат некои големи грижи; ако го потрошите – освета; ако се одречете од наследство – сиромаштија.
НАСТАВНИК
Вниманието на околината е насочено кон вашата работа.
НАСТИНКА
Ако на сон имате настинка – желбите ви се претерани и нема да ви се исполнат.
НАТПРЕВАР
Финансиска добивка.
НЕБО
Бистро, сино небо – ве очекуваат поволни настани во блиска иднина; тмурно, наоблачено небо – непријатности, болест; небо со ѕвезди – богато наследство.
НЕВЕРСТВО
Некој ќе ве изневери.
НЕВЕСТА
Ќе основате семејство, а ако го имате, долго и среќно ќе живеете со него.
НЕВЕШТ
Ако сте невешт во некоја работа – болест.
НЕВИДЛИВОСТ
Ако сте невидливи – празни надевања; ако некој или нешто е невидливо – некои настани ќе ве збунат и ќе ве вознемират.
НЕВОЛЈА
Ако западнете во неволја – лесна болест.
НЕВРЕМЕ
Се ќе заврши добро.
НЕДЕЛА
Среќа во семејството / мирна старост.
НЕЖЕНЕТ ЧОВЕК/ЖЕНА
Многу ќе се досадувате.
НЕЖНОСТ
Непријатности.
НЕМ ЧОВЕК
Ако видите нем човек – углед и почит; ако сте вие неми – срцева болест.
НЕМИЛОСРДНОСТ
Ако сте немилосрдни – бидете повнимателни спрема околината; ако е некој немилосрден кон вас – ќе бидете ценети од околината.
НЕПРИЈАТЕЛ
Омраза; ако го победите непријателот – ќе избегнете големи непријатности; ако го бакнете непријателот – ќе се смирите со некого; ако му подлегнете на непријателот – ќе изгубите добра работа.
НЕРОДНА ГОДИНА
Пропаднати надежи.
НЕСВЕСТИЦА
Ако некој паѓа во несвест – непознати луѓе ќе ви направат доброчинство; ако вие паднете во несвест – ќе го изгубите наследството што сте го очекувале.
НЕСЛОГА
Веридба.
НЕСРЕЌА
Ако доживеете несреќа – ќе најдете утеха.
НЕТРПЕЛИВОСТ
Ако на сон сте нетрпеливи – најаве се препорачува да бидете поумерени.
НЕУСПЕХ
Ако на сон доживеете некој неуспех – добро здравје.
НИВА
Зелена нива – среќа; запуштена нива – лага; ако работите на нива – веселба; ако гледате како други работат – ќе бидете посрамени.
НИМФА
Ќе се вљубите; ако ви бега – љубовта нема да ви биде возвратена; ако ја гледате како игра – ќе имате несогласувања со лицето кое го сакате.
НИШАЛКА
Несигурност / краткотрајна среќа; ако седите на нишалка – ви претстои пријатно патување.
НОВОГОДИШНА ЕЛКА
Среќа во семејството.
НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ
Ако ги давате – ќе ја усреќите својата околина; ако ги примате – омилени сте во својата околина.
НОВОРОДЕНЧЕ
Семејна среќа; ако сонувате дека имате ваше новороденче – желбата ќе ви се исполни.
НОВОСТ
Ако чуете на сон некаква новост – ќе добиете вести од некоја далечна земја / промени во животот.
НОГА
Ако на сон ве боли ногата – болест; ако ја изгубите ногата – ќе останете без добар пријател; ако ја скршите ногата – понижување; отечена нога – загуба; тенки нозе – предавство; ранета нога – несреќа; дрвена нога – лага; ако видите нога одвоена од тело – тешка болест или смрт; убави нозе – караница; ако ги миете нозете – болест / патување.
НОЕМВРИ
Кавга со роднините.
НОЖ
Одите директно во неизбежна опасност; ако најдете нож или ако го кренете од земја – никому не ги кажувајте своите намери; ако купите нож – на лесен начин ќе стекнете добивка; ако добиете нож – се наоѓате во заплеткана ситуација со многу непријатности за вас; голем нож – грижи; мал нож – кавга; ‘рѓосан нож – опасност; ако острите нож – караница, која може да доведе до судски спор; ако се исечете со нож – жалост; џепно ноже – непријатности; ако се браните од нешто со нож – успехот во потфатот ви е сигурен.
НОЖИЦИ
Ако ги видите – среќа; ако сечете со ножици – неочекувана добивка / не слушајте секакви совети; златни ножици – благосостојба; ако ги острите – кавги.
НОЈ
Непријатности.
НОКТИ
Штета.
НОС
Ве очекува лесна болест; голем нос – признание и добивка; мал нос – ќе ви биде нанесена неправда; два носа – препрека; крвавење од нос – среќа; ако останете без нос – неверство, навреда.
НОСАЧ
Загуба, неуспех во работата; ако ви помага – ќе добиете искрена пријателска помош.
НОСЕЊЕ
Ако носите нешто – ве очекуваат тешкотии во работата, кои ќе бидат дотолку поголеми доколку е потешко она што го носите.
НОСИЛКА
Несреќа; ако лежите на носилка – здравје; многу носилки – голема несреќа.
НОСОРОГ
Некој ќе ве излаже.
НОТИ
Остварени надежи, радост.
НОЌ
Светла ноќ – долг живот / веселба; мрачна ноќ – нејасна иднина; бурна ноќ – загуба; ако лутате низ ноќ – ќе немате излез од тешкотиите / ќе ве обземе бес.
НОЌЕН ЧУВАР
Чувајте се од крадци; ако го чуете како зборува – осигурајте си го имотот.
НОЌНА ПТИЦА
Страв; ако лета – загуба; ако се огласи – смртен случај.
НОШНИЦА
Зголемување на семејството.
НУЖДА
Среќа, оздравување.
НУЖНИК
Некој од вашето семејство не ве сака.
НУЛА
Немаштија; многу нули – лажни надежи; ако пишувате нули – неуспех; ако бришете нули – проблемот ќе биде решен.
НУРКАЊЕ
Ако гледате како други нуркаат – пазете се од лаги; ако вие нуркате – остварување на целта, но со големи напори.