О

6 април, 20120

ОАЗА
И покрај неповолните околности ве очекува успех.

ОБВИНУВАЊЕ

Ако сами себеси се обвинувате – среќа и углед; ако го обвинувате својот партнер – лоши вести; ако обвинувате некој друг – незадоволство.

ОБДУКЦИЈА
Ако присуствувате на обдукција – ќе ве повикаат на суд како сведок.

ОБЕЛИСК
Ќе ве посочат како пример за другите.

ОБЕСЕН ЧОВЕК
Ако видите обесен човек – грижи и непријатности; ако сте вие обесени – несреќа.

ОБЕТКИ
Ако најдете обетки – добивка; ако ги изгубите – караница; ако носите обетки – ќе дознаете некоја тајна; ако добиете обетки за подарок – некој чезнее по вас.

ОБЛАК
Живеете во заблуда; колку се потемни облаците толку поголема ќе биде интригата во која ќе упаднете.

ОБЛЕКА

Неостварени тежнеења; бела облека – свадба; многу убава облека – изобилство; валкана облека – кавга и непријатности, а може да значи и смртна опасност за некој од вашата најблиска околина; нова облека – средба со ваши добри пријатели кои биле отсустни; носена облека – загуба на нешто драго; ако перете облека – мали непријатности, но со добар крај; ако ставате облека да се суши – ќе чуете важна новост; ако видите облека ставена да се суши – за болни – оздравуване, за здрави – задоволство; домашна облека – зголемување на семејството; женска облека на машко – срамота; лреширока облека – имате лреголеми желби; претесна облека – немаштија.

ОБЛОЖУВАЊЕ
Ако се обложувате со некого – не впуштајте се во премногу смели шпекулации; ако добиете облог – неочекуван успех; ако изгубите облог – ќе направите некоја грешка.

ОБРАЗИ

Бледи образи – болест; дебели образи – премногу сте преокупирани со своите интереси; набрчкани образи – живеете раскалашен живот; румени образи – успех во работата; слаби образи – премногу сте преокупирани со грижата за вашата тежина.

ОБРАЧ

Уништени надежи.

ОВЕН
Благосостојба/ утеха; ако на сон убиете овен – жалост; ако го изгубите – некое лице, кое ви е потчинето, ќе ве покраде и ќе ви го заведе партнерот.

ОВОШЈЕ
Ако јадете овошје – задоволство; ако јадете овошје наизглед убаво, но со непријатен вкус – чувајте се од неверство; ако лодарувате овошје – ќе стекнете нечија љубов или пријателство; незрело овошје – ви претстојат непријатни случки; скапано овошје – некој сака да ве излаже;продавница за овошје – задоволство и успех; овошје паднато под дрво – несреќа; овошје во корла – радост.

ОВОШКА (ДРВО)
Расцветана овошка – среќа; овошка со плодови – успех; сува овошка или без плодови – неуспех; ако тресете овошка – имате добри соседи; ако калемите овошки – имате лоши навики.

ОВОШТАРНИК
Несогласувања во љубовта; ако шетате низ овоштарник – ви претстои безгрижен живот.

ОВЦА
Задоволство; ако најдете изгубена овца – среќа во бракот; овца што скока – ќе му се радувате на услехот на своите деца.

ОГАН
Ако палите оган – ќе стекнете нечија љубов; оган без чад – здравје; силен оган – непоматена радост и чест; оган со многу чад – недоразбирање кое ќе ве погоди / караница; оган што паѓа од небо – ќе се случи некоја неправда; акo огнот не се гледа од чад – ќе изгубите нешто, што најмалку сте го очекувале; ако газите на оган – откажете се од смелите планови; ако огнот ви наштети – непријатности; ако трчате низ оган – ќе се ослободите од големи грижи; ако гаснете оган – откажете се од работата што сте ја наумиле; ако огнот фрла искри – добивка; ако разгорувате оган – кавга, каење; ако ложите оган во печка – успех на сите полиња.

ОГЛАС
Ако на сон читате оглас – пријатни новости.

ОГЛЕДАЛО
Венчавање.

ОГНИШТЕ
Ако готвите на огниште – ќе основате свој дом; ако го гасите огнот во огништето – некој тајно ве сака; распалено огниште – посета.

ОГНОМЕТ
Убава иднина / краткотрајна среќа.

ОГРАДА
Ќе мора да совладате некои препреки; ако ја прескокнувате – ќе најдете излез од некоја тешка ситуација.

ОДАР
Смртна опасност.

ОДВРАТНОСТ

Ако на сон почувствувате одвратност кон нешто – на јаве ќе бидете многу лути.

ОДЕЊЕ
Бавно одење – грижи; ако ви е тешко да ги кренете нозете – ќе ви однесат нешто вредно; одење по покрив – болест; ако одите куцајќи – тешко ќе го постигнете она што сте го наумиле; брзо одење – ќе имате препреки при остварувањето на некои намери; одење преку трева – ќе ве излажат пријателите; одење по кал – големи грижи; ако одите назадечки – неуспех во работата; одење по рамно – пријатен настан; одење нагоре (качување) – остварување не некои надежи; одење под дрвја – грижи.

ОДЛИКУВАЊЕ
Ако добиете одликување – углед; ако го изгубите – губење на честа.

ОДМАЗДА
Ако се одмаздувате – ќе настрадате; ако некој ви се одмаздува – сигурни сте пред бесот на луѓето; ако веќе сте се одмаздиле – ќе се исполни она на што се надевате.

ОДМАРАЊЕ
Безгрижна старост.

ОДМОР
Ако заминувате некаде на одмор – ќе имате весела и пријатна авантура.

ОДМОТУВАЊЕ
На конец – малку по малку ќе го изгубите имотот; на сеила – еден лош човек ќе ве пренесе жедни преку вода; на волна – ќе бидете излажани.

ОЗБОРУВАЊЕ
Ќе го смените местото на живеење.

ОЗДРАВУВАЊЕ
Мала опасност која може да се избегне со внимавање.

ОКЛОП
Ако носите оклоп – углед; скршен оклоп – некој ќе сака да ве потчини.

ОЛОВО
Лажно ве обвинуваат; ако леете олово – среќа во бракот.

ОЛТАР
Среќа во мали добивки.

ОМНИБУС
Ако се возите во омнибус – потребен ви е поголем труд, ако сакате да ја постигнете целата; ако го видите – животната ситуација полека, но сигурно ви се подобрува.

ОМОРИКА
Среќа и задоволство во семејството.

ОМРАЗА
Ако на сон почувствувате омраза спрема некого – ќе бидете претрупани со работа.

ОПАЛ

Трудот ќе ви биде признат.

ОПАСНОСТ
Заминување на некое драго лице.

ОПАТ/ОПАТИЦА
Непријатна ситуација/ саканото лице ќе ве изневери; ако разговарате со него – ќе се преселите во друг град; ако слушате како пее – немир, неволја.

ОПАШКА
Ќе задоцните на важен состанок; ако имате опашка – партнерот ве изневерува; животно со долга опашка – наскоро ќе дознаете за заговорот против вас.

ОПЕРА
Веселба; зграда на опера – самољубието ќе ви наштети.

ОПЕРАЦИЈА
Ако гледате операција – болест; ако на сон ве оперираат – ве очекува насилна промена.

ОПИНЦИ
Грижи; нови опинци – радост; искинати опинци – болест; ако носите опинци – среќа.

ОПИУМ
Ви се заканува голема опасност; ако земате опиум – тешка болест.

ОПСАДА
Успех во работата, углед и чест.

ОРАНИЦА
Малите успеси ќе ве развеселат; обработена ораница – ќе ви се исполнат очекувањата; необработена ораница – неуспех; ако ја орате – среќа.

ОРГИИ
Развратот ќе ве доведе до морален пад и парична загуба.

ОРГУЛА
Ако ја видите – внимавајте, да не направите некоја непромислена постапка; ако ја слушнете – мир, задоволство и убава иднина.

ОРДЕН
Углед и чест.

ОРЕВ
Опасност; стебло – венчавање; дрво (орев) со плодови – грижи кои набрзо ќе исчезнат; дрво (орев) без лисја – брачни караници; ако ги чистите оревите од лушпи – само со голем труд ќе ги остварите свите намери; ако кршите ореви – минливи несогласувања во бракот; ако јадете ореви – подарок; ако берете ореви од дрво – среќа.

ОРЕЛ
Ако полетува – добар исход на работите; ако лета – неостварени желби/ богатство; орел во кафез – семејни проблеми; ако го фатите – тага; ако ловите орел – загуба, штета; ако убиете орел – штета; ако одлетува со плен – чувајте се од непријателите; ако долетува со плен – неочекувана добивка; ако го видите на дрво во шума – срамота; ако паѓа или нагло се спушта – во опасност е некој ваш потфат; бел орел – наследство; ако го видите во својот дом – богатство.

ОРИЗ
Ако јадете ориз – здравје и долг живот; ако готвите оризза болни – оздравување, за здрави – благосостојба; ако купувате ориз – подобрување на материјалната состојба.

ОРКАН
Смирете си ги страстите и внимавајте на своите постапки.

ОРНАМЕНТ
Ќе бидете во друштво со угледни луѓе; ако цртате орнаменти – подобрување на животната ситуација.

ОРУДИЕ
Успех во работата, постигнат со сопствен труд.

ОРУЖЈЕ
Ако се наоѓате во соба полна со оружје – ќе одите во војна; ако видите оружје – кавга; ако носите оружје – ќе имате незгода; ѕвекот на оружје – караница; скршено оружје – ќе бидете немоќни во борбата проитв непријателот; вооружен напад – тешко ќе ги остварите своите права.

ОС
Ситни непријатности кои брзо ќе престанат; ако ве боцне оса – разочарување, клевети, интриги; ако бркате оси – разделба со некое драго лице; осино гнездо – голема загуба; ако убиете оса – несреќа.

ОСЕКА
Неуспех, променлива среќа.

ОСИРОМАШУВАЊЕ
Навикнете се на штедење.

ОСЛАБУВАЊЕ
Ако се видите на сон ослабени – загуба; ако видите некој друг ослабен – на туѓа сметка ќе дојдете до добивка.

ОСТАВАЊЕ
Ако некој ве остави, ве напушти – жалост, заморна работа, кавга.

ОСТРИГИ
Вонредни настани; ако ги јадете – сигурна добивка; празни школки – желбите нема да ви се остварат.

ОСТРОВ
Ќе ве напушти љубовникот/љубовницата; остров со зеленило – наскоро ќе се случи нешто убаво; ако пристигнувате на остров – голема среќа; ако сте сами на остров – ќе ве напуштат пријатвлите; пуст остров – загуба.

ОСУДА
Крај на непријатностите; ако сте осудени – телесна повреда; ако ги осудувате противниците – добивка.

ОТКРИТИЕ
Ќе чуете важни новости.

ОТПАДОК
Добивка.

ОТПАТУВАЊЕ

Без доволно внимание потфатот ќе заврши неуспешно.

ОТПЕЧАТОК
Ако на сон видите отпечаток од нешто – ќе ви биде страв од нешто или некој.

ОТРОВ
Ако на сон земете отров – со неблагодарност ќе ви возвратат на вашите добрини; ако го давате некому – ќе примите добар совет; ако сте отруени – ќе изгубите пари или пријатели; ако подготвувате отров – плановите да наштетите некому нема да ви успеат; ако одбиете да испиете отров – ќе пропуштите некоја поволна прилика; отровно растение – се готват завери во вашата најблиска околина.

ОТСУТНОСТ
Ако сонувате дека сте отсутни од некој настан – разочарување.

ОФИЦЕР
Задоволство и углед.

ОЦЕТ
Ако пиете оцет – разочарување; ако го истурате – некој од најблиската околина не ви мисли добро; црвен оцет – ќе ве презираат и лошо ќе постапуваат со вас.

ОЧИ
Сини очи – страсна љубов / некој тајно ве сака; црни очи – бидете внимателни со т.н. пријатели / болно разочарување; кратковидни очи – загуба; ако сте лишени од видот – разочарување; разроки очи – ќе ве понижат; големи и убави очи – благосостојба и среќа; едно око – бидете внимателни во работата.

ОЧИЛА
Ако носите очила на сон – потребна ви е заштита; ако купувате очила – бидете повнимателни; ако ги изгубите – треба подобро да си го чувате имотот; ако ги скршите – штета.

ОЧУВ
Ќе западнете во долгови.

ОЏАК
Семејна среќа; пожар во оџакот – жестока караница во семејството; паднат оџак – големи трошоци; оџак без чад – немаштија; оџак со чад – успех.

OЏАЧАР
Среќа во љубовта / ќе се ослободите од некои сомневања; ако се сонувате како оџачар – ќе чуете важни вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi