Бојан Јовановски во последните денови не се чувствува најдобро – тој на Facebook добил смртна закана.
Боки13 минатата недела бил во шок која на својот профил видел порака од наводно српско четничко движење, во која му се заканува убиство!
“Него никогаш не го плашат негативни, па ни зли коментари на негова сметка, но кога некој јавно ќе ви напише дека ќе ве убие, секако дека неможе да ви биде сеедно. Пораката отприлика гласела: “Српска пушка ќе ти помине низ стомак. Наскоро ќе те најдеме, нашата средба се наближува”. Боки веднаш ја блокирал оваа група и контактирал со надлежните органи за да се посоветува какви мерки треба да се превземат. Тој не е тип кој паничи, но одлучил да биде претпазлив за да се заштити. Боки ретко излегува без обезбедување, така што на тој начин неможат да му се приближат овие опасни луѓе”, изјавил добро информиран извор.
Боки 13 потврдил дека добил закани на интернет.
“Вистина е дека ми оставија баш такви пораки, но јас ги превземав сите мерки за да бидат спречени во иднина да ми се обраќаат на овој начин. Незнам навистина како и зашто јас им пречам, но не би сакал повеќе да ги коментирам ваквите работи, бидејќи не ми се од корист, има луѓе кои испитуваат кој стои позади сето ова. Јас на сите секогаш им одговарам со насмевка, па така и сега ќе направам, иако не посакувам никому ова да му се случи”, изјавил Боки за српските медиуми.
One comment
Dejan Prilep
3 февруари, 2012 at 15:04
Mala molba do Vas pishuvacite po net.
Ke ve molam ako moze da ne ne kontaminirate so neshto za ona svince shto mu se slucuvalo vo zivotot.
Neka tera neka se goi kolku saka samo da go nema po TV i mediii ako moze .
Pozdrav