На пазар си купил цртеж од Ворхол!
4 април, 20120

Еден бизнисмен на пазар за стари работи во Лас Вегас купил цртеж од Енди Ворхол за само пет долари, додека истиот е проценет дека на аукција може да достигне цена од 2 милиони долари.
Цртежот кој го покажува пејачот од 30-тите години Rudy Vallee, а се смета дека тоа се почетоците на Ворхол и дека овој цртеж спаѓа во ретките дела кој тој ги направил на десет години.
Енди Филдс изјавил дека го купил цртежот на пазар за стари работи, како и дека продавачот му рекол дека неговата баба порано се грижела за Ворхол додека тој бил дете.