Најчудните сладоледи на светот
Доаѓа летото, а и горештините, а со нив и нашиот омилен десерт – сладоледот! Сите ние сме навикнале на вкусовите: ванила, чоколадо, јагода, банана и т.н.
Но сите сладоледи, не се така вкусни и слатки како оние на кои сме навикнале, па затоа направивме мала обиколка низ светот , какви се сладоледи , постојат низ светот!!! Секако според сечиј вкус, има и различни сладоледи, а овие од денес, нам не ни се вкусни, бидејки навистина се многу оригинални, а се карактеризираат со најчуден вкус!!!
Еве ги најчудните вкусови на светот!!!
Уживајте!!!
Сладолед, со вкус на парчиња блитва:
Стјуард Фергусон, еден ден, листал книга од Хестон Блументал и дошол до идеа, на Божиќното мени, во својот ресторан Виват Бах во Лондон, да понуди необичен десерт: Сладолед со вкус на парчиња од блитва. Тој дошол на идеа да направи сладолед со вкус на блитва, мешајки го со пилешко желе и крем од брусница! За да се направи овој десерт, била потребна 1 недела, но вредеше, вели Стјуард.
Задајте удар со помош на сладолед” Виагра”.
Електрично зелен сладолед, кој содржи состојки од природни стимуланси, Гинко Билоба, аргинин и гуарана, а се служи со зелен апсцинт на врвот. Нормално, измислено е, дека овој сладолен го подобрува дотокот на крв и нивото на енергија, но и ограничувањето дека може да се јаде само 1порција, дневно по личност. Нивото на додатните стимуланси е исклучително мало и доволно е само за да го подобри вкусот и да го направи специфичен.
Хестовиот сладолед со сланина и јајца
Овој чуден сладолед потекнува од еден мајстор за необични рецепти, Хестон Блументал, сопственик на ресторанот Фат Дак. Јадењето кое претставува негов потпис, се состои од 2 парчиња сланина кои се натопени во пудинг, па потоа заледени и така се служат после оброкот, како десерт.
Сладолед со каша и кобасица
Прво мислевме дека сладолед со каша, кобасица, грашак и една врста на сос, може слободно да се нарече Најгрд на светот, но, неговите мајстори се одлучија да ни испратат да пробаме една топка. И на крајот, бевме во право… Навистина има специален вкус, кој ретко кој би го сакал..
Бахаси сладолед
И за на крај на нашата понуда, ви го претставуваме специјалитетот од јапонија под името, Бахаси сладолед… Навистина не знаеме што да кажеме за овој сладолед, дали е интригантен или одвратен? Па просудете сами: Во него се наоѓаат парчиња сирово коњско месо ! Да, да , добро прочитавте – парченце сирово месо од коњ! А мислиме дека, сепак ние не би се осмелиле да го пробаме!!!