Шпанскиот фотограф Самуел Аранда ја освои престижната награда Wold Press Photo Award за портретот на жена која прегрнува ранет роднина во Јемен.
Аранда ја направил оваа фотографија за The New York Times, а снимена е во џамија која била претворена во болница.
Фотографијата станала симбол на Арапската пролет. Оваа фотографија говори за се она што се случуваше не само во Јемен, туку и во Египет, Тунис, Либија, Сирија, за времето на Арапската пролет, изјавил еден од судиите.
Наградата која ќе ја добие фотографот изнесува 10 илјади евра.