Најекстремните места за љубителите на адреналинот

30 јануари, 20120
ghyt86

Понекогаш и најегзотичните острови, најпознатите плажи и најтиркизните води, знаат да станат клише…Во смисла…Има ли нешто поубаво од возбудата? Вљубеници на адреналинот, веќе се препознавате. Доколку сакате авангардно патување во кое омилени звуци ќе ви бидат оние на природата, во комбинација со Вашето забрзано дишење, а компас ќе Ви биде Вашето исполнето срце, Ви претставуваме 10 дестинации кои загарантирано ќе Ве заразат.

1. Рафтинг на реката  Apurimac – Еден од главните извори на Амазон, со локација во   Перу, ќе Ви донесе вистинско рафтинг уживање. Не случајно го одбравме ова место. На светската рафтинг листа е на врвот.

2. Хели – скијање во Аљаска –  На врвот на Chugach во Аљаска, овој екстремен спорт навистина Ве води до лудило. Можете да бидете пренесени со хеликоптер и на повисоки терени, а снегот како прав и бегството од цивилизацијата се извонредна прилика за Вашата замисла…Местово е одлично и за качување по мраз.

3. Пливање во дно водопад – Ако не Ве задоволуваат морските, езерските, па и океанските пространства, обидете се во дно на водопад…Ви го препорачуваме  Cenote  во Мексико.

4. Канионинг – Доколку не Ви е јасно, станува збор за комбинација од пешачење, качување по карпи, скокање и пливање. Овие авантури стануваат доста популарни во Турција, Виетнам, Норвешка и планините Роки.

5. Пливање со ајкули- Освен за сурфање, северниот брег Оаху е примамлив и за пливање со ајкули. Овој предизвик се изведува со кафез кој Ве води длабоко во водата, а ова е шанса да ги видите огромните зелени желки.

6. Посета на  подземни пештери – Бисерот на Унгарија, Будимпешта е единствениот главен град кој има подземни пештери. Ги има многу, а искуството е незаборавно.

7. Пешачење во Непал –  Патеките на планината Монт Еверест нудат услови за пешачење за сите нивоа. Изберете задоволство од час за час, од миг за миг…додека трепнете- поминало многу време.

8. Скокање во кањон – Овој екстремен спорт е многу популарен во Шкотска и Нов Зеланд. Овозможува скокање и до 250 метри.

9. Сурфање со коњ – Колку и да звучи неверојатно и ова е изводливо. Активноста се состои во тоа што оној што сурфа, е влечен од коњ. Достапно е во САД и Европа.

10. Сурфање на песочна дина – Невообичаениот стил на овој спорт е желбата да рекреација и можноста да се издржат песочните „бранови“. Ако имате желба за нешто вакво остварете ја во Мароко или Намбија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi