Најмладата професионална сликарка на светот, според Гинисовата книга на рекорди е Аруши Батнагар од Индија.
Аруши е родена на 1 јуни 2002 година, а својата прва соло изложба ја имала во Калидаса Академијата во Уџаин, Индија на 11 мај 2003 година, кога имала само 344 дена, односно само 11 месеци.
Аруши започнала да црта на 4 месечна возраст. Малата сликарка сега има 12 години и има нацртано повеќе од 4000 слики. Тоа е тоа, талентот се раѓа, а не се учи.