Најнеобичните плажи на светот

7 февруари, 20120
Koromandel

Никогаш доста од прекрасни плажи…Особено оние со пудресто бела песок…Сепак, време е  да се запознаете и со поразлични плажи со интересна песочна боја, плажи над кои авионите ниско летаат и топли базени кои можете сами да си ги ископате. Овој пат се одлучивме да Ви прикажеме четири плажи кои ќе ги стопат депресивните зимски денови за миг и ќе Ве потсетат дека летото наближува, а со тоа и можноста да се одлучите за некоја необична дестинација.

1. Брегот од добата на Јура ( Дорсет и Источен Девон, Англија )

Овој брег долг  150 километри е геолошка приказна која раскажува за последните 185 милиони години. Прошетајте го брегот и самите ќе ги пронајдете добро сочуваните фосили и отпечатоците од стапала на диносауруси. Сепак, најнеобичниот дел е близу Стадленд и Дорсет, каде чисто бели варовнички гребени и морски наслаги изгледаат како ледени брегови кои полека се одвојувале низ вековите.

Кажуваат дека најпознатите варовнички гребени името го имаат добиено по стариот пират  од 15 век,Хари Пај, кој во близина  го чувал својот плен. За време на ниска плима можете да прошетате до варовниците,  тие најубаво можат да се видат од кајак, особено кога заоѓа Сонцето- моментот кога добиваат црвена боја.

2.Плажата со топла вода (полуостровот Коромандел, Нов Зеланд )

За време на викендите, кога плимата е ниска, плажата со топла вода се претвара во спа забава. Посетителите со себе носат лопати и копаат сопствени базени исполнети со геотермална минерална вода. Ова е навистина неверојатна глетка: луѓето лежат во мали песочни базени, наместо да пливаат во морето кое е на само неколку чекори од нив. Потоа, после 4 часа кога плимата ќе надојде, плажата повторно е рамна.

3.Плажата Папаколеа ( Големиот остров, Хаваи )

Не се само мовот и алгите причината за бизарно зелената боја на песок, туку минералите olivine создадени со вулканска активност. Богат со железо и магнезиум, olivine- от е еден од првите кристали што се создаваат со ладењето на магмата.  Еко- осетливата област, Хавајската Папаколеа е можеби најпознатиот пример.

4. Плажата Махо  ( St. Marten)

На крајот на аеродромската писта, плажата Махо нуди уживање на своите посетители на секој пола час. „ Џамбо џет “ секој пола час долетува на „Ваша дланка “. Само тесна патека ве дели од меѓународниот аеродром „ Принцезата Јулијана“, вториот најпрометен аеродром на Источните Кариби. Со врелите удари од авионот и  струењето на воздухот кое ја раздвижува песокта при секое слетување и полетување, Ви се чини дека за малку сте го испуштиле. Задолжително погледнете го следното видео за да  ја почувствувате огромната возбуда.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Se4iuyF5cE8

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi