Британските сестри кои менуваат кожа исто како змии! :(((

7 февруари, 20120
142520

Сестрите Стејси (16) и Ема (18) Пикен боледуваат од ламемарна ихтиоза, ретка болест поради која новата кожа им се создава шест пати побрзо од нормално.

Сестрите секојдневно мораат да се бањаат и да ја мачкаат кожата со креми за да можат да го издржат лупењето на кожата, а доколку не ја негуваат брзо може да им се создадат рани по лицето и телото.

„Се бањаат по два пати на ден за да им омекне кожата, а косата ја мијат секој ден. Најтешко им е во лето, бидејќи не смеат да излегуваат на сонце и мораат постојано да ја мократ кожата“, изјавил нивниот татко Стивен.

Стејси и Ема се единствените британки кои ја имаат оваа болест, од која инаку заболува еден од 600.000 деца во светот. Овие деца исто така ги нарекуваат змииски деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *