30 годишниот маж е најразмазениот затвореник во светот, но и единствен во Сан Марино. Тој, како што изјавиле луѓето единствено пати од осаменост и досада.
Затвореникот ги добива своите оброци од локалниот ресторан, бидејќи не е економично само за него да се отвори кантина. Тој е единствениот корисник на теретаната, библиотеката и собата со телевизор.
Тој зафаќа само една од постоечките 6 ќелии во санмаринскиот затвор. Во 2009 година имало 14 затвореници, но на крај тој број се намалил и денеска има само еден.
Најосамениот затвореник во светот, откако е притворен минатиот месец, контактира само со чуварите, а има повремени посети од својата фамилија и адвокатот. Дозволено му е да излегува секој ден по еден час во дворот.
Мажот чиј идентите властите несакале да го откријат, има да отслужи уште осум месеци во затвот, а осуден е поради семејно насилство. Сепак, на неговата осаменост ќе дојде крај, бидејќи за неколку дена се очекува да дојде уште еден нов затвореник.
Сан Марино има 30.000 жители и е најстарата независна република во светот, со своите 1700 години. Овој даночен рај е во центарот на скандалите за перење пари, но сепак стапката на криминал е многу ниска.