Судбина – ја има или не?!

popara27 април, 20121min00
s1

Судбината! Тоа се сопките, пречките, незгодите во секојдневниот живот со кои човек треба да се бори.

Сите негативни квалитети , морални и душевни недостатоци, лагата, егоизмот, развратот, интригата, лицемерието, свирепоста, кодошењето, направени во минатото, дефинитивно ќе се изразат во иднината и во сегашноста ако не се превземат мерки. Сето тоа заедно се нарекува судбина.

Зошто помеѓу солзите и радоста, среќата и несреќата, успехот и неуспехот, здравјето и болеста, сите светски настани и човекот има една невидлива врска, а тоа не е како резултат на слепа случајност, туку само пројава на вековната мудрост што вели: кој што прави, на себе си си прави.

Кој ќе ја спознае суштината на животот и неговата мудрост, добро ќе се запознае со законите на природата, тајните сили на постоењето, тој не се измачува, не се плаши од паѓање, станува, го избегнува и победува, се издигнува над условите и сам го создава патот на својата судбина.

Несреќни се сите оние во животот, кои зависат од надворешните услови. Ако ја барате среќата во надворешните услови: власт, богатство…она кон што мнозина се стремат, тогаш вие се одлучувате за нетрајни вредности. Среќата дојдена од таму е капризна и рано или касно пак ќе замине. Трајна и вечна е само онаа среќа што доаѓа од внатре.

Бидете задоволни од себе си, од она што го имате, не завидувајте на другите, ценете го своето човечко достоинство, исправете се пред сите незгоди со насмевка на лицето, чекорете смело напред и среќата сама по себе ќе си дојде.

Драги читатели, ако вие страдате и се чувствувате несреќни, барајте ја причината во себе, а не надвор. Ако верувате дека судбината ве казнува, грешите.

Судбината, тоа сте вие. Судбината, тоа е вашиот ум. Успехот, тоа е вашата упорност…

Но ако верувате во себе, во сопствените сили, ако  чекорите смело напред, ако не се плашите од пречки, прегради и борби, вие ќе ја победите судбината.  Оној што ќе успее да го контролира нагонот, инстиктот, ниските страсти, животинското во себе, тој успева да го победи најсвирепиот ѕвер – својата судбина.

Бидете храбри, не плашете се за утрешниот ден, зошто условите се менуваат – светот е тркало.

Ако го погледнеме минатото, ако ја анализираме сегашноста и проникнеме во иднината, ние ќе видиме дека човекот и покрај својата еволуција култура и прогрес, погледнато етички, хуманитарно, алтруистички не направил ни чекор напред.

Кажав и пак ќе повторам, судбина не постои – постојат само закони. Природата секогаш ги предупредува своите чеда да ги избегнат несреќните моменти, но ние сме слепи и не го разбираме нејзиниот јазик. Верувам дека сите сте се убедиле во вистинитоста на зборовите: Кој што прави, на себе си си прави…рано или касно фрлениот камен ќе го стигне…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma