Најубавите острови за живеење

5 април, 20120
Hawaii_

Сигурни сме дека понекогаш Ви дошло да побегнете од сé и да се „ пензионирате “ на некој тропски остров…

Еве идеални места за тоа…

Вануату – Ова место е прогласено за најсреќната земја на светот. Луѓето постојано се радосни и наоѓаат уживање во секојдневните случувања, пред се во семејните. Се наоѓа во Тихиот океан и прилично е далеку од остатокот на светот. Жителите на овој остров пијат многу кафе, кој има ефект на мозокот и можеби е една од причините што се толку среќни.

Вануату

Хаваи – Идеални се ако барате современ комфор, а сепак да бидете на остров. Ако сакате да живеете во град, можете да отидете во Хонолулу, градот со многу жители, кој ќе Ви овозможи се што ќе посакате. Единствената разлика е во тоа што сте на остров опкружен со преубави плажи.

Хаваи

Бахами – Ако Ви е смачено од гужви и динамично секојдневие, островот Ексума во Бахамите е идеална за Вас. Ниедна градба на островот не е повисока од  два спрата, така што, очекувајте екстремно опуштена атмосфера. Водата е најубава на целата планета.

Бахами

Девствените острови – Идеални се да се откриете самите себе и да пронајдете внатрешен мир во прастарите корални гребени и недопрените тропски шуми. Можете да ги менувате островите и да допуштите ветрот да Ве води до плажите со бела песок.

Девствените острови

Сејшели – Се наоѓаат на африканскиот брег и ги поседуваат можеби и најубавите природни убавини. Можете да бирате помеѓу 115 острови со плажи од мека, преубава песок и кристално сина вода. Овде времето секогаш е топло и преубаво. Може да живеете во град каде се одвиваат сите акции или  да живеете опуштен живот на некој од островите недалеку од него.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *